Лафчиски во Пентагон на средба со високи воени претставници

t

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на САД, соопшти Армијата.

Во текот на престојот во САД, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, во Пентагон, Вашингтон.

Армиската делегација, во продолжение на посетата, ќе присуствува на церемонијата за примопредавање на должноста на командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, помеѓу генерал-мајор Грегори Најт, кој заминува во пензија и новопоставениот командант генерал-мајор Хенри Хардер.

Посетата на македонската армиска делегација на САД ќе вклучи бројни работни состаноци со високи воени претставници од Пентагон и со Националната гарда на Вермонт, како и посети на клучни воени капацитети, со цел да се зајакне и унапреди стратешката одбранбена соработка помеѓу Македонија и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лафчиски во Пентагон на средба со високи…

Делегација од Армијата, предводена од началникот на…

Пентагон објави кои се четворицата американски војници…

Американската војска во вторник ги идентификуваше четворицата…

Пентагон ги прекинува врските со Харвард во…

Пентагон ги прекинува сите професионални врски со…

Пентагон подготвува 1500 војници, ќе ги испрати…

Министерството за одбрана на САД им нареди…

Зеленски се сретна со делегација од Пентагон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа средба со…