Лафчиски во Пентагон на средба со високи воени претставници

t

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на САД, соопшти Армијата.

Во текот на престојот во САД, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, во Пентагон, Вашингтон.

Армиската делегација, во продолжение на посетата, ќе присуствува на церемонијата за примопредавање на должноста на командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, помеѓу генерал-мајор Грегори Најт, кој заминува во пензија и новопоставениот командант генерал-мајор Хенри Хардер.

Посетата на македонската армиска делегација на САД ќе вклучи бројни работни состаноци со високи воени претставници од Пентагон и со Националната гарда на Вермонт, како и посети на клучни воени капацитети, со цел да се зајакне и унапреди стратешката одбранбена соработка помеѓу Македонија и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: САД повлекуваат 5.000 војници од Германија

САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија,…

(Видео) Пензиониран офицер тврди: „Пентагон размислува за…

Додека отпорот на Техеран се интензивира, во…

Пентагон: Чистењето на Ормускиот Теснец од мини…

Расчистувањето на морските мини поставени од Иран…

Пентагон: 365 американски војници се ранети во…

Вкупно 365 американски војници се повредени во…

„Вашингтон пост“: Пентагон се подготвува за неколку…

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објавува, повикувајќи се…