Лајен: Се очекува да има 10 жени еврокомесари

t

Во следниот состав на Европска комисија се очекува да има најмалку 10 жени, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

– Половина од граѓаните на ЕУ се жени, затоа имаме за цел да постигнеме родова еднаквост во новата комисија, каде еднаквоста е обезбедена со географски принцип и со политичка припадност, наведе Лајен.

Таа додаде дека сè уште не разговарала со сите предложени за европски комесари.

– Еврокомесарите мора да бидат компетентни, ова е најважното барање, наведе Лајен.

Се очекува Лајен за една недела на затворена средба со раководството на Европскиот парламент да го претстави предлогот за структурата и составот на новата ЕК. Во октомври новите еврокомесари треба да бидат изгласани од ЕП, а со работа ќе почнат во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…