Објавено на:

Лајчак по средбата со Вучиќ: Имаме јасна слика за понатамошните чекори!

t

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека за време на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ разговарал со него за понатамошниот пат на дијалогот, вклучително и потребата од одржување нови локални избори со учество на Србите и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.


„Посетата ја продолжив со средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Имавме искрен и отворен разговор за патот напред, вклучително и потребата од нови локални избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот. Средбата и патувањето помогнаа да се добие појасна слика за следните чекори“, напиша Лајчак на својот Твитер профил.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорот изјави дека за време на средбата предупредил дека Србите во Косово се изложени на „најжестоко мачење и прогон во последните 15 години“.


-„Ги повторив барањата за почитување на нивните права и безбедност. Ја повикав меѓународната заедница поконкретно да се ангажира за сите овие прашања“, рече српскиот претседател на својот Инстаграм профил.


Лајчак претходно се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти, со претседателката, Вјоса Османи, а разговараше и со командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Ристуч и со шефот на Делегацијата на ЕУ во Приштина, Томас Суниога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Студенти во блокада го блокираа влезот…

Блокада на студентите и група граѓани денеска…

По четири и пол години, една држава…

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…

Белгија планира да испрати затвореници во Косово

Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…

Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…

Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…