ЛДП бара воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“
Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги уби и неа и татко ѝ.
„Нашето главно прашање е: дали вие, пратеници и пратенички, сте свесни дека со тоа што на 1 април не се издигнавте над партиските интереси и не дадовте поддршка на измените на Законот за спречување и заштита од насилството врз жените и семејното насилство му овозможивте на Илија ладнокрвно да ги убие Росица и татко ѝ“, изјави Цветанка Геговска од Извршниот одбор на ЛДП
Таа потсети дека, доколку измените предложени од нивната пратеничка и претседателка Моника Зајкова беа веќе усвоени, сторителот ќе носеше електронска белезица и денес Росица и татко ѝ ќе беа живи.
Електронската белезица, како што објаснува Геговска, ја предупредува жртвата кога насилникот ќе се приближи на оддалеченост помала од 100 метри.
„Со оваа мерка ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за повторно изложување на насилство. Нека трагедијата на Росица и на татко ѝ биде последна“, порача таа.
Геговска ги потсети пратениците дека граѓаните ги избраа да носат одлуки со кои ќе го подобрат секојдневието и апелира, без разлика на политичката, етничката или верската припадност, да гласаат за воведување на електронската белезица и да се стави крај на ваквите трагедии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП бара воведување електронска белезица за насилниците:…
Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за…
Ивановска: Причината за убиството на Росица има…
Причината за убиството на Росица има име…
Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност…
Двојното убиството во Велес е уште еден…
Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора…
„Росица месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство,…
По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка…
По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка…