Ивановска: Причината за убиството на Росица има име и презиме – неодговорност и корупција

t

Причината за убиството на Росица има име и презиме – неодговорност и корупција. Истрагата мора да покаже што преовладало, дали едното, другото или и двете заедно.

За жал, досегашната пракса на нефункционирање остава голем простор за недоверба. Корупцијата во Македонија е присутна во сите пори. Заднинските политички мрежи ја хранат и ја прават посилна секој ден, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциската комисија и кандидат за градоначалник на Центар, на прес конференција.

Ивановска истакна дека за промена мора да постои не само политичка, туку и граѓанска волја.

Досега напредокот е минимален, а времето ни бега.Од МВР очекуваме да и кажат на јавноста каде затаи системот во случајот на Росица. Секоја погрешна одлука, секоја погрешна постапка има име и презиме. Затоа се гледаме денес на протест во 17:30 пред МВР!, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…

Вчера вечер е уапсено уште едно лице…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…

Уапсена велешанка која се обидела да го…

Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…

Велешанка физички нападната во нејзиниот дом

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…