ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за тероризам, ниту претставувал каква било безбедносна закана за вакво радикално однесување на полицијата!

t

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу е недозволиво во демократска држава, реагираат од ЛДП.

– Ние како Либерал-демократи посочуваме дека новинарот Салиу ниту некогаш бил обвинет за тероризам, ниту претставувал каква било безбедносна закана за да сведочиме вакво радикално однесување од страна на полицијата.

Новинарите, а пред се младите новинари треба да се охрабрат што почесто да ги искажуваат своите мислења и ставови кон одредени теми, затоа што така постепено ќе ја доближат демократијата блиску до граѓаните.

Основна функција на полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството. Полициските службеници пак, треба го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело. – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП: Даку треба да се извини за…

Во спортот и во фудбалот секогаш е…

Зајкова: ЛДП во парламентот ќе дејствува независно

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека…

ЦО на ЛДП ќе ги разгледува настапот…

Либерално-демократската партија ја известува јавноста дека вечерва…

ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за…

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу…