ЛЕВИЦА БАРА ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА – Се реафирмира ставот против уставни измени!
ЛЕВИЦА НА СЕДНИЦА НА ЦК ГО РЕАФИРМИРА СТАВОТ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – соопштуваат од партијата преку објава на Фејсбук.
– На 27-ми ноември 2022 година, се одржа XIX. и XX. седница на Централниот комитет на Левица на кои се донесени следните заклучоци:
Левица ја рефирмира позицијата против најавените уставни измени, кои од страна на Владата се лажно претставени како нужност за европската иднина на државата и се залага за ИТЕН ПРЕКИН на преговорите со Република Бугарија – преговори во оваа насока се прифатливи единствено со институциите на ЕУ, без засебни преговори со било која од нејзините земји-членки;
Левица го афирмира ставот за интеграција во ЕУ на Република Македонија, но, НЕ по цена на рушењето на државните конститутивни елементи – загрозувањето на унитарноста, независноста, суверенитетот и екслузивното право Република Македонија суверено да одлучува за своите внатрешни прашања, како и нејзината државна позиција во меѓународните односи;
Левица застанува против политиките на неолиберализација и приватизација како препораки на меѓународните институции како ММФ, Светската Банка, ЕУ и други слични меѓународни институции.
Левица препознава нова фаза во процесот на ПАСОКИЗАЦИЈА на СДСМ: Последните клевети кон Левица од страна на СДСМ и подредените медиуми, интересни групи и поткупени поединци – се вовед во новата фаза на пасокизација, која ја перцепираме како повод за препознавање на дистинкцијата помеѓу корумпираното раководство на СДСМ и заробеното и уценето гласачко тело и голем дел од обичното членство, кои во сè поголем број ја откажуваат поддршката кон СДСМ и јавно инклинираат кон Левица.
Поради серастечката геополитичка несигурност и превирања во меѓународните односи, Левица се заложува за градење на соработка и интензивирање на врските со антиимперијалистички партии, кои се идеолошки сродни и стратешки прифатливи.
На седницата е и верификувано кооптирањето на Јован Крајевски за член на Президиумот на Левица.
#ЌеПобедиме – напишаа од Левица на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…
(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…
Во попладневните часови поради дефект на далекувод…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…