Левица бара кратење на патните трошоци за пратениците: Средствата да се пренаменат за социјална помош

Законот за ограничување на патните трошоци, поднесен од Левица, ќе се најде на дневен ред на собраниската седница в среда. Целта на предлогот е да се ограничи злоупотребата на функционерските привилегии, како што се патните трошоци на пратениците, кои, според Левица, создаваат неверојатна фрустрација кај граѓаните.
„Патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите и ова создава гнев и фрустрација во народот. Затоа, бараме кратење на овие привилегии“, велат од партијата.
Предлогот предвидува патните трошоци да се пресметуваат според пазарната цена на 6,5 литри гориво за секои 100 километри.
„Сметаме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент и ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет“, Левица исто така предлага целосно укинување на патните трошоци,
За разлика од пратениците од други партии, пратениците на Левица не користат патни трошоци. „Нашите пратеници не земаат патни трошоци, затоа што сметаме дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци“, истакнуваат од Левица. Претставниците на оваа партија самите ги покриваат трошоците за кирија во Скопје, а не примаат надоместоци за патни трошоци, иако имаат пратеници кои доаѓаат од Гевгелија и Струга.
„Апелираме до мнозинството и до власта да го усвојат овој рационален закон. Тие средства може да се пренаменат за подобрување на квалитетот на живот на сиромашните и ранливи групи граѓани, особено во здравствената и социјалната сфера“, изјавија од Левица, повикувајќи на усвојување на законот на седницата в среда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…
Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…
(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…
Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…
Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН…
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев поднесе писмено…