Левица бара МНР да го осуди нападот на македонскиот клуб во Благоевград и да му се врачи нота на бугарскиот амбасадор

t

„Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград – „Никола Вапцаров” Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин – исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид!“, соопштуваат од Левица.

„Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид.

Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија.

Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилник!

За разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров.

Затоа не сме ниту сме биле исти – во македонскиот народ тлее искрата на антифашистичката борба, додека другата страна ги воскреснува најмрачните ликови на фашизмот!“, истакнуваат од партијата на Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…