Левица: Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника
Директорот на Клиниката за детски болести – Реџеп Мемеди ќе плати и втора казна во само два месеци затоа што одбива да ги отстрани сериозните недостатоци на самата клиника! Двата извештаи на инспекцискиот надзор го откриваат колапсот на клиниката, вклучувајќи нестручни лекари и одбивање прием на деца без никакво образложение, тврдат од Левица.
„На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат!
Според Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), директорот Мемеди и неговиот тим не презеле соодветни мерки и сè уште не го исполниле наложеното решение, со што ги оставаат пациентите во опасност.
Бидејќи Мемеди одбива да преземе мерки за санирање на колабираната состојба, пред неколку дена Инспекторатот изрече глоба од 4000 евра за Клиниката, а за Мемеди како нејзин директор 1200 евра. Додека во текот на вчерашниот ден, Инспекторат по втор пат изрече казна за оваа клиника, бидејќи не издале писмено образложение за причините за одбивањето на приемот на седуммесечното бебе кое почина пред 5 дена.
Само во последните шест месеци, 20 деца починале на клиниката, што ја прави стапката на смртност застрашувачки висока. Раководството од братучедите Мемеди, поддржани од министерот Таравари, се директно одговорни за овие трагедии. Уште колку детски животи треба да згаснат за монструмот Мемеди да биде тргнат од директорската функција“, прашуваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…