Левица Бутел: Костовски без срам повторно го ветува истиот проект од претходната кампања

t

Локалниот огранок на Левица – Бутел реагира на континуираната злоупотреба на проектот за водоснабдување во Љубанци и Љуботен од страна на градоначалникот Дарко Костовски. Од партијата посочуваат дека станува збор за неисполнето ветување од неговата изборна програма од минатите локални избори, кое сега повторно се рециклира како маркетинг трик пред нови локални избори.

Во нивната реакција се вели:

„Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски во изборната кампања за локалните избори во 2021 година вети дека до 2024 година ќе се изгради водоснабдителниот систем за населните места Љуботен и Љубанци со финансирање од средства на буџетот на општина Бутел.

Ова ветување не само што не е исполнето туку до ден денес нема никаква активност која што ќе укажува дека проектот на терен се реализира. Спротивно на реалната ситуација Костовски ова негово неиспонето ветување постојано го користи како маркетинг стратегија да манипулира со јавноста.

Костовски вети дека жителите на Љуботен и Љубанци ќе бидат приклучени на градскиот водовод до 2024 година. Потоа ветуваше дека овој проект ќе биде реализиран со средства од буџетот на општина Бутел. Во текот на мандатот Костовски ветуваше и се заблагодаруваше на амбасадата на САД за финансирањето на проектот за водоснабдување на двете населени места, за денес без тронка срам повторно да ветува и да ветува дека проектот ќе биде реализиран со средства од буџетот на државата.

Очигледно жителите на Љуботен и Љубанци ќе треба да се навикнат на предизборните маркетинг трикови на Костовски свесни дека на крајот на мандатот на Костовски вода за пиење во Љуботен и Љубанци нема.

Левица посочува дека вистината секогаш го победува лажниот маркетинг и дека уште многупати жителите на Љубанци и Љуботен ќе го видат Костовски како го промовира истиот проект без конкретен резултат. Народот е свесен дека камерите и прилозите нема да донесат вода во Љубанци и Љуботен.“

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Бутел: Костовски без срам повторно го…

Локалниот огранок на Левица – Бутел реагира…

Апасиев: Левица ќе има партиски кандидат за…

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник…

На власта ѝ се поважни партиските шеми…

На власта ѝ се поважни партиските шеми…

Левица: Културата е официјално деградирана

Културата е официјално деградирана, реагираат од политичката…

Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен…

Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен…