На власта ѝ се поважни партиските шеми отколку жртвите на семејно насилство

t

На власта ѝ се поважни партиските шеми отколку жртвите на семејно насилство, велат од политичката партија Левица во објава на Фејсбук.

– На вчерашната седница на собраниската комисија за ребалансот на Буџетот за 2025 година, пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, ја отвори болната тема за жртвите на семејно насилство, барајќи преку амандман да се прераспределат 600.000 евра за нивно привремено сместување.

Во држава со само 11 засолништа од кои повеќето руинирани и со минимални капацитети – овој предлог требаше да биде здраворазумен консензус. Наместо тоа, мнозинството предводено од ДПМНЕ со леснотија го ОДБИ амандманот, демонстрирајќи целосна незаинтересираност за најранливите.

Ароганцијата на власта стана толку нормализирана што веќе не се ни обидуваат да скријат дека за нив поважни се партиските шеми и клиентилистички тендери отколку судбината на жените и децата кои секојдневно бегаат од пеколни домови.

Економската зависност се најсилните окови кои ги држат жртвите заробени во насилни домови, а државата предводена од ДПМНЕ одлучи да го задржи клучот во џеб. – велат од Левица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…