Владата по партиски клуч ги „решава” приватните специјализанти – непартиските кадри останаа извисени
„Помпезните најави на власта дека конечно ќе се реши статусот на приватните специјализанти очигледно се претвори во уште едно партиско калкулирање, според информациите кои пристигнаа до Левица. Наместо специјализанти кои се во петта година, се примаат специјализанти од втора и трета година, само поради нивните партиски заслуги“ соопштија денеска од политичката партија Левица.
Од партијата велат „Таков е случајот со вереницата на претседателот на УМС и пратеник од ДПМНЕ, Сергеј Попов, која е примена на Клиниката за гинекологија пред специјализанти кои се во завршната година. До Левица пристигнаа бројни поплаки од специјализанти во завршна година кои се одбиени, само поради тоа што немаат партиски заслуги кон актуелната елита на власт“.
„Недозволиво е во здравството партиската припадност да биде приоритет пред компетентноста! Ова ли е револуционерното решение, со кое се фали Владата, дека прв пат во историјата на државата ќе се вработат неколку стотини доктори кои веќе се на специјализација?! Дали се почитува мерит-системот и ранг листите или повторно конкурсите за вработување се само форма за вработување на “партиските” деца, додека останатите ќе бидат приморани да се иселуваат во странство или да се вработуваат по приватните болници? Дали јавното здравство е привилегија само за децата на владини функционери и моќници кои ја контролираат власта?!
Една од главните заложби на Левица е укинување на дискреционото право на директорите при вработување, затоа што очигледно е дека младите и квалитетни кадри во вака поставениот систем не можат да им конкурираат на привилегираните деца, не поради квалитетот во знаењето и вештините – туку поради недостатокот на врски, партиски книшки и моќни роднини“ е ставот на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…
Туфегчиќ бара ослободителна пресуда за Ѓорчевски: Обвинението…
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…
Според Евростат, последни сме во Европа по…