Левица ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство да не бегаат од расправата за Кочани
Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Левица уште еднаш јавно ги повикува пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата.
„Нема простор за ароганција и партиски калкулации. Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе млади животи, а Собранието за целиот тој период не презеде ниту една суштинска мерка. Институцијата која треба да биде највисок облик на демократијата, домот на народните избраници, се однесуваше без слух за јавноста, со очигледна желба случајот да се заташка и заборави.
Токму затоа, денес нема луксуз да продолжи со истата неодговорност. Државата им должи на семејствата и народот барем минимум сериозност и политичка зрелост.
Одржувањето на седницата зависи од пратениците од владејачкото мнозинство, членови (или нивните заменици) на Комисијата.
Секој од нив има должност да се појави и да му овозможи на Собранието да ја изврши својата надзорна улога и да не биде креатор на уште еден срам со учество во блокада на оваа расправа. Нема повеќе алиби, „технички причини“ и други разни изговори. Во моментов се работи и за довербата на јавноста и за елементарно човечко достоинство.
Од мнозинството денес јавноста бара да си го оправдаат мандатот и да присуствуваат на седницата. Ако повторно посегнат по опструкции, тоа ќе значи дека ДПМНЕ е подготвено да ја поттурне вистината под тепих. Секоја нова опструкција ќе биде јасен доказ дека ДПМНЕ ја става сопствената удобност пред болката и гласот на родителите и народот кои бараат правда“, стои во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство…
Пред почетокот на денешната седница на Постојаната…
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест…
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната…
Владата во служба на финансиските елити –…
Последните финансиски извештаи на банките уште еднаш…
„Дали судницата се претвори во Струшки вечери…
Родителите и блиските на загинатите во дискотеката…
„Не бараме одмазда, туку правда“ – нов…
Во Кочани денеска се одржа уште еден…