Левица ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство да не бегаат од расправата за Кочани
Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Левица уште еднаш јавно ги повикува пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата.
„Нема простор за ароганција и партиски калкулации. Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе млади животи, а Собранието за целиот тој период не презеде ниту една суштинска мерка. Институцијата која треба да биде највисок облик на демократијата, домот на народните избраници, се однесуваше без слух за јавноста, со очигледна желба случајот да се заташка и заборави.
Токму затоа, денес нема луксуз да продолжи со истата неодговорност. Државата им должи на семејствата и народот барем минимум сериозност и политичка зрелост.
Одржувањето на седницата зависи од пратениците од владејачкото мнозинство, членови (или нивните заменици) на Комисијата.
Секој од нив има должност да се појави и да му овозможи на Собранието да ја изврши својата надзорна улога и да не биде креатор на уште еден срам со учество во блокада на оваа расправа. Нема повеќе алиби, „технички причини“ и други разни изговори. Во моментов се работи и за довербата на јавноста и за елементарно човечко достоинство.
Од мнозинството денес јавноста бара да си го оправдаат мандатот и да присуствуваат на седницата. Ако повторно посегнат по опструкции, тоа ќе значи дека ДПМНЕ е подготвено да ја поттурне вистината под тепих. Секоја нова опструкција ќе биде јасен доказ дека ДПМНЕ ја става сопствената удобност пред болката и гласот на родителите и народот кои бараат правда“, стои во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…