Левица: „ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите“

t

Опозициската Левица побараинституциите сериозно да ја разгледаат тендер шемата со компанијата ,,Сити Аутсорсинг”, како и поврзаноста на актуелниот управител на фирмата со директорот на СОЗР Ивица Томовски. Иако, велат,  директорот на СОЗР важи за близок соработник на премиерот Мицкоски, Левица апелира

Скандалозно е, велат од Левица, што претходниот случај со тендери каде беше инволвиран Ивица Томовски, Антикорупциска комисија го затвори со паушален заклучок и обична изјава заверена на нотар, без подетална истрага.

-Ја потсетуваме јавноста дека токму Томовски се поврзуваше со приватната фирма за обезбедување ,,Праеториан ДООЕЛ”, која после промената на власта, ги добива сите тендери за обезбедување на институциите контролирани од ДПМНЕ. И за управителот на оваа фирма Власе Танаскоски постојат наводи за блиски роднински врски со Томовски, но ДКСК го затвори овој предмет врз основа на обична изјава заверена на нотар, каде Томовски тврди дека не е роднина со сопственикот на оваа фирма?!

Оттаму дополнуваат дека е контроверзно и што токму за овој предмет со ,,Праеториан ДООЕЛ” постапуваше Цвета Ристовска (како член на ДКСК). Цвета Ристовска стана позната за јавноста по случајот со фалс дипломата на директорот на АНБ, каде повторно го затвори предметот без сериозна постапка. Тогаш спорно беше што Ристовска предавала на економскиот факултет на приватниот Универзитет Скопје, каде со исто таква диплома се стекна и Бојан Христовски, велат од партијата на Димитар Апасиев.

Левица додава дека откако Ристовска затвори два крупни скандали за владини функционери без утврдена одговорност, се поставува прашањето дали таа е инсталација во Антикорупциска комисија директно на Мицкоски – со цел да ги спасува неговите најблиски соработници.

Левица апелира до новоизбраниот претседател на ДКСК – Адем Чучуљ со сериозна професионалност да постапи за двата скандали каде е инволвиран директорот на СОЗР, со оглед на разнишаното реноме и интегритет на Антикорупциската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: „ДКСК со Цвета Ристовска наместо да…

Опозициската Левица побараинституциите сериозно да ја разгледаат…

Левица со реакција по нападот врз редакцијата…

По вчерашниот напад кој се случи врз…

Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на…

Во неверување сме од крајно несоодветната и…

Левица ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство…

Пред почетокот на денешната седница на Постојаната…

СДСМ: Две објавени бомби чекаат реакција на…

„Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот…