Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад со полициска придружба
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад со полициска придружба, реагираат од Левица. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението:
– И покрај протестирањата и блокирањето на патот до депонијата со денови, под силна полициска придружба, околу 13:00 часот, до кочанската депонија пристапиле камиони со отпад од Виница и Зрновци. Следела силна вербална расправија на граѓаните и советниците со директорката на ЈП Водовод, за таа усно да им признае дека наредба да се отвори депонијата е дадена од Градоначалникот на ДПМНЕ – Папазов.
На вчерашната редовна седница на Советот на Општина Кочани, По овој инцидент, на иницијатива на Советничката од Левица – Жаклина Свеќаровска, беше побарано Информација за случувањата на депонијата, за која Советниците на ДПМНЕ и ЛДП одбиле да се најде на дневен ред. За жал, на седницата се случувал координиран неред, влегуваат граѓани коишто прават хаос, и попречувале нормално одвивање на дискусијата.
Неофицијално, до Левица пристигна информација од граѓаните, дека постои намера поголем број камиони полни ѓубре, под силна полициска придружба со ЕБР Штип да бидат растоварени на кочанската депонија! Најостро ја ОСУДУВАМЕ злоупотребата на институциите спротивно на волјата на граѓаните и донесената Одлука на Советот на Општина Кочани!
Го повикуваме пратеникот од ДПМНЕ – Миле Лефков, којшто уверуваше дека волјата на жителите на Кочани ќе биде испочитувана – да стои на својот збор, во спротивно, овој пат, ќе се соочи со гнев којшто нема да може да го амортизира со флоскули и празни ветувања. Со сите институционални и логистички капацитети, Левица ќе продолжи да се спротивставува на угнетувањето. – стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…