Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони евра чист профит на Усје
Олигархијата е солидарна кога станува збор за заштита на сопствените екстра профити.
Додека грчката компанија ТИТАН УСЈЕ остварува чист профит од 21 милиони евра годишно, граѓаните дишат загаден воздух, децата растат во нездрава средина, работниците се изложени на постојани ризици за ниски плати, а болните и изнемоштени немаат како да се заштитат. Овој профит оди директно во странска држава каде газдите се богатат на сметка на здравјето на македонскиот народ, се вели во соопштението на Левиа.
На вчерашната средба помеѓу Сојузот на стопански комори и раководството на ТИТАН УСЈЕ уште еднаш се покажа класната солидарност на крупниот капитал во Македонија. На состанокот, наместо сериозна расправа за загадувањето и последиците по здравјето на граѓаните, беше заклучено дека цементарница УСЈЕ “не го загадува” амбиенталниот воздух во Скопје, со што стопанските комори настапија како „адвокати“ на цементарницата. Меѓу другото, членовите на стопанските комори самите признале дека се почуствувале како да се на трибина за заштита на животна средина, што само ја разоткрива оттуѓеноста на бизнис елитата од секојдневната реалност на граѓаните.
Средбата на Сојузот на стопанските комори и ТИТАН УСЈЕ уште еднаш покажа дека економската моќ на поединци ги диктира политиките на државата додека гласот на граѓаните системски се игнорира. Ваквото арогантно и неодговорно однесување на крупниот капитал неминовно ќе се соочи со отпор затоа што кога народот е сплотен ниту една машинерија за профит не е недопирлива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…
Олигархијата е солидарна кога станува збор за…
Левица: Скопјани ќе немаат нови автобуси ниту…
Градската организација на Левица во Скопје забележува…
(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…
ПР тимот на Титан Усје им посака…
Левица: Со немањето слух за барањата на…
Левица денеска објави дека изземајќи се од…
Левица поднесе амандмани за Кривичниот законик, бараат…
„Левица поднесе амандмани кон Предлог-законот за изменување…