(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс: Дали Усје бира кој смее, а кој не да присуствува на јавен настан за кој испраќа покани?

t

ПР тимот на Титан Усје им посака добредојде на сите, освен на Инфомакс – на денешната средба, а потоа и прес конференција на директорите на Усје и претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески, ни беше посочено дека новинарот на Инфомакс, Александар Тодески, не смее да присуствува на настанот, за кој имавме покана и најава.

Главната причина која можеби е смешна, е граѓанскиот активизам, кој пак е основно човеково право загарантирано со Уставот и Законот на Македонија. И покрај посочувањето и појаснувањето дека се работи за работна задача, ПР тимот сепак не дозволи влез на состанокот и прес конференцијата, на која требаше да бидат поставени прашања од јавен интерес – актуелни и поврзани со правото на чист воздух и здрава животна средина, исто така загарантирани со Уставот.

Јавно прашуваме, дали на настани од јавен карактер смеат да влезат само оние за кои ПР тимот одлучил дека се добредојдени, или едноставно, не смеат да се постават прашања кои можеби би ја нарушиле комоцијата на оние кои се присутни на тој настан?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…