Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира албано-косовско културно лето

t

Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира албано-косовско културно лето, реагираат од Левица.

– Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ.

Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши.

Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик.

Во делот на настапите има само еден настап на македонски јазик и еден на турски јазик. Другите заедници, кои живеат, творат и воедно плаќаат порез на Касами се фантом – граѓани или попросто речено: небитни.

Напоменуваме дека застапени се две промоции: од кои преку едната се презентира и историски се величи војната во Косово. Додека другата се однесува на промовирање на косовска библиотека.

Потсетуваме дека Касами е еден од најнеобалостичките градоначалници во историјата на Македонија, кој отворено ја мрази државата, а истовремено одработува за Курти.

Досега, неговите партнери од ДПМНЕ И ЗНАМ не реагираа на ваквите подли игри и понижувања, туку ги сместија на највисоки државни позиции, во името на лажно-искривеното “братство” оти најважно е државата да биде горда, твоја, ничија, а сепак сечија. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…