Левица: Касами ќе го реновира стадионот во Тетово, само за потребите на Шкендија
„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот на ФК ‘Шкендија’, го презел Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на Општина Тетово и е обврзан да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари“, велат од Левицата.
„Но, оттогаш до сега не е реновиран стадионот! Бидејќи обврска на концесионерот е да изврши реконструкција на стадионот, а тоа не го сторил до сега, Општина Тетово требало да го раскине договорот за концесија, а не да го спасува концесионерот од обврските што требало да ги исполни!!
Наместо заштита на спортските клубови и заштита на Градскиот стадион во Тетово, Касами објави дека ќе почне реконструкцијата на стадионот во Тетово, кој практично ѝ припаѓа само на екипата на „Шкендија“!
Поради тоа што Општина Тетово го има дадено Градскиот стадион под концесија и на него игра само „Шкендија“, страдаат македонските женски и машки екипи во фудбал со седиште во Тетово и немаат можност да играат мечеви додека не им дозволи Општината“, соопштуваат од партијата Левица.
Од таму бараат раскинување на договорот за концесија и враќање на Градскиот стадион во единствена сопственост на Општина Тетово со еднакви услови за негово користење и на македонските екипи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…