Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци

t

Во својата вчерашна посета на Кавадарци, во ек на бербата на грозје, Мицкоски целосно ги игнорираше лозарите и одлучи да го разгледува градскиот базен – проект познат како најскапиот тендер во општината, во износ од 41.018.185,32 денари. Додека лозарите се соочуваат со поразителна минимална откупна цена на грозјето, приватните винарии – спонзори на ДПМНЕ, дополнително ја намалуваат цената преку незаконски клаузули во договорите при плаќање во готово. – пишува во објавата на Левица

Оние лозари кои прифаќаат плаќање само по официјалната минимална цена, пак, чекаат со месеци, дури и до една година, за да ги добијат парите за својот род.

Зошто Владата им дозволува на приватните визби на овој начин да ги злоупотребуваат лозарите? Зошто се трошат речиси еден милион евра за “реконструкција на базен“ од страна на Градба Промет, наместо тие средства да се инвестираат во јавна дестилерија – проект што се ветува пред секои избори, а никогаш не се реализира?

Левица со години докажува преку издржани аргументи дека јавната дестилерија е клучна затоа што би поставила фер и реален стандард за откупната цена на грозјето. Доколку јавната дестилерија определи повисока цена, приватните компании нема да имаат можност да манипулираат и да го уценуваат македонскиот лозар. Но, наместо да застане зад лозарите и да обезбеди фер откуп, Мицкоски избира да потроши речиси еден милион евра на уривање на постоечки и уредување на нов поплиток базен – уште еден пример за расипничко и погрешно трошење на јавните пари.

И премиерот спомeна дека задача на оваа гаранција е да го среди хаосот во државата, но насоката која ја гледаме е целосно изгубена. Наместо да се задржи народот тука, Владата ги користи општините само за обрт на јавните пари од буџетот преку тендерски постапки, при што средствата завршуваат во џебовите на фирмите-соработнички. Народот пак, останува без критична инфраструктура која би овозможила сигурна и одржлива исплата за земјоделското производство.

Левица бара итна изградба на јавна дестилерија во Тиквешијата која ќе гарантира фер и реална цена на грозјето, законска заштита на лозарите со јасни рокови за исплата, како и одговорност и санкции за сите винарии кои со незаконски клаузули ја намалуваат минималната цена или неоправдано доцнат со исплатите.

Владата мора да прекине со расипнички тендери за неприоритетни проекти и да ги насочи јавните пари кон аграрното производство и заштитата на македонскиот земјоделец! – додаваат од партијата Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски…

Во својата вчерашна посета на Кавадарци, во…

Фон дер Лејен: Путин е „предатор“, Европа…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Герасимов: Руската армија контролира 79 проценти од…

Началникот на Генералштабот на руската армија, генерал…

МВР го реши проблемот: Бројот 192 повторно…

„Телефонската линија 192 повторно е во функција…

Албанската полиција во Корча спасила македонски параглајдерист

Пограничната полиција од Корча му помогна на…