Левица: Од „Марковски“ до „Топлина“, скандалозната пракса на АД ЕСМ продолжува

„Скандалозната пракса на АД ЕСМ продолжува. Откако театрално го раскина договорот со „Марковски“ под сѐ уште не докажан сомнеж за корупција и криминал, АД ЕСМ со брзина на светлината, по пат на директни преговори без оглас склучи нов договор за ископ на јаглен во РЕК Битола со „Топлина“. Дури и за неупатените во проблематиката, кристално е јасно дека власта под превезот „15% пoевтино“ користи јавни ресурси за да додели набавки на блиски фирми“ велат од Левица.
Од партијата прашуваат „Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“? Која е втората компанија што и конкурирала на „Топлина“?. Дали ова е уште еден пример на клиентелистички договор кој ги заобиколува сите регуларни процедури за јавни набавки? Имаме ли во државава Обвинителство и Комисија за спречување корупција? Кој следен ќе вози Ферари во Монако?“
„Очигледно е дека енергетскиот сектор наместо да се раководи од принципите на транспарентност и одговорност кон граѓаните, служи како алатка за богатење на поединци. Ваквите договори, направени зад затворени врати, фрлаат сомнеж за корупција и недомаќинско управување со јавните средства. Токму поради ваквите бизнис зделки, Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ има намера да ја укине обврската за транспарентно објавување на јавните набавки“ велат од Левица.
Партискиот став е дека „поради нефункционалните институции не смееме од останеме неми посматрачи на бескрајната низа привилегирани договори за богатење на бизнис кликата блиска до власта. Бараме итна ревизија на овој и сите други договори од ваков тип! Злоупотреба на јавните ресурси за лично богатење потребно е да биде прекратено“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Единствено Левица била против неработење на Собранието
Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…
Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…
(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…
Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…