Левица: Од 13 само две дискотеки во Скопје имале лиценца, бараме разрешување на сите пазарни инспектори

t

На територијата на Град Скопје од 13 дискотеки само две имале лиценца, останатите непречено работеле поради корумпираност на инспекторите, од политичката партија. Левица повикаа на одговорност и разрешување на инспекторите кои го дозволиле ова.

„Незамисливата трагедија во Кочани на површина ги изнесе сите недостатоци на трулиот систем, граден 35 години од корумпираните партии и нивните олигарси. Фрапантни се податоци за пропустите и непостапувањето на институциите, кои за жал, се претворени само во биро за вработување на партиски кадри.

Ситуацијата со работата на дискотеките особено во Скопје е алармантна – само два објекти од вкупно тринаесет работеле со лиценца! И ова не е изолиран случај, туку е системски дозволувана корупција од секоја партија на власт, поради поврзаноста на газдите на овие дискотеки директно со партиите. Ова значи дека цела низа институции не постапувале, почнувајќи од пазарни инспектори, Градот Скопје, градоначалниците, МВР, Министерството за економија. Јасно е дека само владејачките партии можеле да овозможат ваква заштита од безаконие!

Не е доволно што после трагедијата во Кочани, пазарните инспектори во Скопје конечно констатираа дека само два објекти работат со лиценца. Потребно е разрешување на постоечките пазарни инспектори кои во минатото не ја извршиле својата должност и со години толерирале дискотеките на територијата на Град Скопје да работат незаконски.

Ја потсетуваме јавноста дека во 2022 година, советниците на ДПМНЕ и СДС во Советот на Град Скопје изгласаа одлука летните дискотеки да продолжат незаконски да работат! Иако уште тогаш советниците на Левица алармираа дека овие дискотеки работат незаконски, сепак коруптивната спрега ДПМНЕ-СДС го надвладеа јавниот интерес. Системот е составен од персонална одговорност на оние кои не постапиле (а биле должни) и нема да дозволиме партиски кадри да се штитат под флоскулата “грешки на системот”. Јавно бараме разрешување на сите пазарни инспектори надлежни за територијата на Град Скопје, се вели во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Од 13 само две дискотеки во…

На територијата на Град Скопје од 13…

Мојсоска по насилството во Радоциш: Владејачкото мнозинство…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…

Единствено Левица била против неработење на Собранието

Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…

Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…

Психијатриската болница во Демир Хисар со години…

Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…