Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

t

Веќе еден месец сè погласни се гласините дека ФОНДОТ за ПИОМ е во очајна состојба и дека едвај може да ги исплати пензиите на пензионерите. Според информациите, исплатата на околу 335 илјади пензии е доведена во прашање. За нивна исплата потребни се околу 1,4 милијарда евра, а овие средства ги нема во ПИОМ, заради што околу 530 милиони евра се директна инјекција од државниот буџет, велат од политичката партија Левица.

„Години наназад со Фондот управуваат партиски кадри, чие раководење беше потресено со бројни скандали, што го направи ПИОМ нерентабилен и, буквално, го доведе пред колапс. Последен во низата скандали е оној на Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, кој во време на своето директорување со Фондот ù исплаќаше кирија на сестра му и вработи стотици луѓе кои земаат плата, без да се појават на работа.

Дополнително во јавноста протече информација дека од Фондот пензија земаат и косовски државјани, кои никогаш не ни работеле во Македонија – скандал којшто надлежните институции мора под итно да го истражат.

Случајно или не, овие информации почнаа да се пласираат масовно во јавноста, непосредно после изборите, каде од партиите на владејачкото мнозинство ветуваа линеарно покачување на пензиите. Наместо ова, во јавноста протече информација за финансиската дупка во ФОНДОТ, додека во медиумите се шири информација за опасност од зголемување на старосната граница за одење во пензија или поточно – жените да одат во пензија на 64, а мажите на 66 години.

Огромен дел од пензионерите живеат на работ на егзистенцијата, додека со пениите тешко е да се подмират сметките и платат лекарствата. Работниот народ заслужува достоинствена пензија!

Како што и претходно пратениците и активистите на Левица ги поддржуваа протестите и барањата на пензионерите, така и сега нема да дозволиме уште едно поткусурување на властите на грбот на работниот македонски народ и на пензионерите.

Левица ќе инсистира на реализирање на ветувањата дадени од актуелните власти за повисока пензија и воведување на минимална пензија од 15.000 денари.

За потсетување, во Програмата на Левица, предложена за време на Парламентарните избори, 2024, стоеше мерката за зголемување на пензиите и намалување на годините за одење пензија и тоа: 60 години за жени и 62 години за мажи“, се вели во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Риби-ќе слушнете добри вести, Ракови…

Овен Ќе имате речиси идеални услови за…

ДЕНЕСКА Е СВ. ТИХОН: Татко му беше…

Денеска е 16 јуни (по стар стил)…

Голема свадба за Анастасија и Немања сепак…

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија неодамна му…

ДОБАР СУМ, ЖИВ, ЗДРАВ: Тасе конечно откри…

Урнебесна снимка од лиценцираното ТВ-шоу кое се…

Порака на денот: Луѓето не се менуваат,…

Ова се неколку животни совети кои ќе…