Левица: Поднесена пријава за блиски соработници на пцујачот Јованчев, земале двојни паушали!

t

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) против Андон Лазаров и Атанас Ризов, блиски соработници на пратеникот Јованчев. Пријавените лица истовремено извршуваат повеќе функции, што создава судир на интереси и го става под сомнение кредибилитетот на јавните институции во кои се ангажирани, соопштија од Левица.

– Првопријавениот Андон Лазаров е раководител на подружница на АД „Пошта на Македонија“ во Кавадарци и истовремено претседател на Надзорниот одбор во ЈП „Комуналец“ Кавадарци – функција која е неспоива со првата.

Второпријавениот Атанас Ризов, ја врши функцијата раководител на подружница на АД „Водостопанство“ – Тиквеш, додека паралелно е и претседател на Управен одбор во ЈП Комуналец Кавадарци. Ова е директно спротивно на член 44 и член 49 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Согласно Законот, ваквото кумулирање на функции е строго забрането и претставува флагрантно прекршување на правниот поредок. Нашата пријава до ДКСК е заснована на цврсти докази, вклучувајќи официјални документи и изјави, кои го потврдуваат незаконското дејствување на пријавените, појаснија од партијата од каде потсетија на неодамнешниот инцидент во Собранието за време на седницата за пратенички прашања.

– Да потсетиме, Јованчев неодамна стана познат по срамниот инцидент со навредите кон сестрата на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев. Наместо да се посвети на решавање на проблемите на граѓаните, тој ја користи својата позиција за промовирање на лицата во Кавадарци познати како негови потрчковци, кои незаконски, од народни пари, ги полнат своите џебови, притоа бескрупулозно ги злоупотребуваат јавните функции.

Ова е само почеток! Уште еднаш покажуваме дека нема да премолчиме пред коруптивните практики на било која власт. Оваа пријава е само дел од нашата посветеност во борбата против злоупотребата на државните ресурси. Левица ќе продолжи со поднесување пријави против сите кои ги злоупотребуваат своите позиции – од највисоките функционери до нивните сервилни потрчковци. Нема да дозволиме паразитите на власта да ја уништуваат државата! – стои во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Поднесена пријава за блиски соработници на…

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, поднесе пријава…

Левица: Новата криминнална власт започна со партизација…

Иако Законот за Советот на јавните обвинители…

Левица: НЕ за пензија на 67 години,…

„Владата предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо…

Левица најостро ја осудува одлуката на ФФМ…

Левица најостро ја осудува одлуката на Фудбалската…

Левица: ДПМНЕ му сврте грб на народот…

Одбивањето на сите предложени амандмани од страна…