Левица: Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

На заедничката средба помеѓу претседателите на Македонија и Бугарија, македонското знаме беше отсутно! Овој чин е далеку од само дипломатски инцидент, туку – симболичен показател на односот на владеачките елити кон бугарските врховистички барања и доказ дека Силјановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет – без знаме и без гордост, реагираат од политичката партија Левица.
– Живееме во историски времиња – за прв пат претседател на Македонија оди на официјална средба со странски државник без да е истакнато македонското знаме.
Протоколот во вакви ситуации јасно наложува почитување на симболите на двете држави.
Недостатокот на македонско знаме на официјален настан е срамно потклекнување пред Бугарија и уште една епизода од историјата на национално понижување кое почна со „Договорот за добрососедство“!
Ваквите провокации не можат да се толкуваат како „добрoсоседски односи“ кога нивната цел е јасна – поткопување на македонската независност и продолжување на антимакедонскиот наратив ,,две држави-еден народ”.
Радев не се обидува да гради вистински односи, туку пропагира бугарски национал-шовинизам, со поддршка од македонските политичари подготвени на компромиси на штета на сопствениот народ и потклекнати пред бугарските ултиматуми.
Од политички лидери кои ветуваа чест и независност, Силјановска и ДПМНЕ се покажаа само како посредници на странски агенди. Наместо да ја следат волјата на народот кој ги избрал, големите патриоти исполнуваат желби на надворешни сили.
Левица ја лоцира одговорноста и во протоколот на Силјановска, кој не смеел да дозволи ваков дипломатски дебакл и морал веднаш да интервенира.
Наместо да биде соучесник во историското ревидирање, кое ја поткопува и деградира македонската сувереност, ги повикуваме Силјановска и ДПМНЕ јасно и гласно да се спротивстават на бугарските националистички барања и веднаш да стават крај на договорите и преговорите кои ја уриваат македонската државност и идентитет! – рагираат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
Единствено Левица била против неработење на Собранието
Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…