Левица: Сиљановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели

t

Скандалозната одлука на претседателката Сиљановска да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има „долгови” кон криминалното подземје. Токму Силјановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира Скопје, велат од Левица.

-Првиот филтер на листата на помилување го прави Комисијата за помилувања на Претседателот на Републиката, додека свое мислење дава и Министерството за правда, предводено од министерот Филков од ЗНАМ. Ова укажува дека влезот на ЗНАМ во власта не е мотивиран од никакви државотворни цели, туку од најниски криминигонени и клиентелистички побуди.
Помилуваниот Аќиф Равманоски, припадник на кланот „Барон”,  како осуденик е осомничен за пукањето во Чаир пред само осум дена со припадник на друга мафијашка група. Силјановска му простува и на Шенол Маслани, кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР во која се споменуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје. Маслани е брат на контроверзниот арачиновец Шенки „Версаче” и братучед на нарко босот Беланоца. Освен овие криминалци, Силјановска ги помилуваше корумпираниот поранешен градоначалник на Битола, Владимир Талевски и Марјан Ефромов, првообвинет во аферата „Шпион“ – велат одд Левица.

Од партијата додаваат деказа помилувањата за Денот на ВМРО целосно се изоставени уставобранителите, кои во предизборието беа злоупотребени за политички поени, а после изборите се игнорирани и заборавени.

-Потсетува дека Мицкоски на изборите настапи со главно ветување дека ќе го „ослободи” Скопје од групите кои го тероризираат. Како и другите ветувања кои ДПМНЕ ги погази, наркокартелите ќе продолжат да го тероризираат Скопје, со амин на Силјановска и Мицкоски – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Сиљановска ја погази својата професија и…

Скандалозната одлука на претседателката Сиљановска да помилува…

Левица: Со европски цени и македонски плати,…

Иако платите се повеќе од 2,5 пати…

Владата ги остави личните асистенти на децата…

Тоа што Владата ги остави децата со…

Левица: 100 дена нова влада, но стара…

100 ДЕНА НОВА ВЛАДА СТАРА ПОЛИТИКА -…

За вработените во образование утврдена минимална плата…

По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на…