Левица: Скандалозен избор на директор на основно училиште во Велес
Лолакниот огранок на Левица во Велес реагира на назначувањето на нов директор на основно училиште во градот.
-Иако при објавен јавен оглас за избор на Директор во Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” на кој е избрана кандидатката Маја Јовановска, Државниот просветен инспекторат во направениот вондреден инспекциски надзор, како и на контролниот инспекциски увид извршен на 14.06.2023год. утврдува направени неправилности од страна на Училишниот одбор на училиштето, со неосновано одбиени документи на втората кандидатка, на која при увидот од просветниот инспектор е констатирано дека има исти документи како и избраната кандидатка Маја Јовановска.
Сепак Градоначалникот Марко Колев водејќи се очигледно според општинско партиски налози, каде што избраниот кандидат на Општинскиот комитет ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да ја врши дејноста Директор, ПОВТОРНО ја назначува Маја Јовановска за вршител на должноста директор на ООУ “Св. Кирил и Методиј” со решение од 04.07.2023.
Дека локалната власт предводена од Градоначалникот Колев и коалицијата ДПМНЕ-ДУИ делува исклучиво во заштита на личните интереси на своите сопартијци, заштитувајќи ги дури и кога постои сомневање за прекршување на закон, говори и фактот што при допис доставен до советот на Општина Велес од државниот просветен инспекторат за разрешување на делегираниот член во Училишниот одбор кој доаѓа од редовите на ДПМНЕ за направени пропусти во работењето, сепак Претседателот на Совет Зоран Љутков при барање на советниците на Левица НЕ ДОЗВОЛИ присуство на членот што се разрешува на седницата, иако е назначен токму од советот на Општина Велес.
Епилог на целиот случај со Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” е разрешен сопартиец на ДПМНЕ како член на Училишен совет кој нема да сноси никакви последици за направените пропусти и Маја Јовановска повторно како вршител на должноста Директор избрана од страна на градоначалникот Марко Колев, при што ДПМНЕ ја потврдува и продолжува праксата на наместени конкурси за вработување кои се ништо повеќе од една обична добро позната фарса пред граѓаните. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…