Левица со амандмани бара изградба на „Чебрен“ и гасификација на Македонија

t

Иако премиерот Мицкоски најави дека изградба на когенеративни централи што ќе произведуваат електрична енергија на гас, во Предлог-Буџетот, кој е веќе влезен во собраниска процедура, средства за ваква намена не се предвидени.

Оттука, пратеничката група на Левица поднесе низа амандмани на Предлог-Буџетот, токму во насока на унапредување на домашните капацитети за производство на електрична енергија и за ефективно намалување на енергетската зависност на државата, како и за изградба на првично потребната инфраструктура за гасификација на Македонија.

Со еден од предлог амандманите на пратеникот Амар Мециновиќ, се бара одвојување на средства за конечно отпочнување на изградба на енергетски капиталниот хидроцентралата „Чебрен“. Со овој конкретен амандман, парите предвидени за наоружување ќе се пренасочат за првата фаза на изградбата на стратешкиот проект Чебрен. Потсетуваме дека премиерот Мицкоски, под притисок на експертската фела, ретерираше од неговите првични ставови за изградба на овој проект од страна на приватен инвеститор и токму Мицкоски во опозиција најавуваше дека државата мора да го гради ваквиот капитален енергетски проект.

Со друг амандман пак, поднесен од страна на пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, се предлага зголемување на средствата во потпрограмата определени за гасификација, затоа што првично предвидените средства во Предлог-буџетот воопшто не соодејствуваат со описот и целите наведени во потпрограмата. Пратеникот Реџеп Исмаил дополнително поднесе амандман со кој се предлагаат средства за активирање на домашните рудни капацитети за јаглен со подземна експлоатација на рудникот „Живојно, чии количини би овозможиле непречено работење на РЕК Битола во наредниот период, со што ќе се спречи евентуално покачување на цената на струјата поради увозот на скап јаглен од соседството.

Распродавањето на природните ресурси, давањето под концесија на националните води и либерализацијата на пазарот ги прави македонските граѓани кираџии во сопствената куќа. Стратешките индустриски капацитети, особено во енергетскиот сектор, мора да бидат во државна сопственост, затоа што суверенитетот на секоја држава произлегува и од самата енергетска независност, соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица со амандмани бара изградба на „Чебрен“…

Иако премиерот Мицкоски најави дека изградба на…

Левица: Унгарскиот кредит се претвора во трошок…

Новиот договор на Владата со комерцијалните банки…

Левица поднесе кривична пријава за градоначалникот на…

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно…

Министерот Меџити и градоначалникот Атанасовски два месеци…

Министерот Меџити и градоначалникот Атанасовски два месеци…

Левица ги доби Мицкоски и Тошковски на…

Левица го доби судскиот спор за клевета…