Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности
Почитувани земјоделци,
Деновиве сме сведоци на многу варијации и манипулации со откупните цени на нашите земјоделски производи: младиот компир, кромидот, зелката, доматите, а во скоро време ќе почне бербата и на останатите производи како: бостанот, дињите, житото итн.
Сакаме да ве информираме дека согласно Законот за земјоделство и рурален развој, член 31, откуп на земјоделски производи може да врши само регистриран откупувач кој мора да поседува баждарена вага. Исто така, многу важно, откупните цени за секој производ и класа мора да бидат истакнати на видно место на откупниот пункт и истите можат да се менуваат неделно.
До нас стигнаа голем број на поплаки поради откуп на земјоделски производи без кантарни белешки или, пак, без цена на нив. Сите вакви манипулации на откуп на производи без пишана цена на кантарната белешка земјоделците да ги пријавуваат во Левица, па откупувачите кои не работат согласно закон ќе бидат пријавени кај надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…
Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…
(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…
Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…
Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН…
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев поднесе писмено…