Левица: Црвена младина оддаде почит на 1.295 загинати Македонци

t

Црвена младина со делегација учествуваше на традиционалната комеморација во чест на македонските војници од Вардарскиот баталјон, одржана во црквата „Св. Ѓорѓија“ на Костолачка Коса до Пожаревац, објави Левица.

„Настанот беше организиран од Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград, како дел од одбележувањето на значајните историски настани за македонскиот народ.

На церемонијата, со полагање на венци и оддавање почит, се одбележа жртвата на 1.295 македонски војници, кои ги загубија своите животи во борба против австроунгарската и германска војска за време на Првата светска војна. Поголемиот дел од овие храбри борци, мобилизирани од североисточна Македонија, го положија животот на фронтот, борејќи се во состав на српската војска. Овој настан е важен потсетник за големите жртви на Македонците, не само во борбата за сопствено ослободување, туку и во заедничката борба на братските југословенски народи против големите империи од 19. и 20. век, кои не смеат да бидат заборавени“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Црвена младина оддаде почит на 1.295…

Црвена младина со делегација учествуваше на традиционалната…

Молдавија гласа на претседателски избори и референдум…

Молдавците денеска гласаат на претседателски избори и…

Бугарскиот дел од тунелот кај Деве Баир…

Најдоцна до 2030 година целосно ќе биде…

Бугарите се најнесреќните граѓани на Европската унија

Граѓаните на ЕУ генерално се задоволни од…

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува…

Експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја…