Левица: Црвена младина оддаде почит на 1.295 загинати Македонци

t

Црвена младина со делегација учествуваше на традиционалната комеморација во чест на македонските војници од Вардарскиот баталјон, одржана во црквата „Св. Ѓорѓија“ на Костолачка Коса до Пожаревац, објави Левица.

„Настанот беше организиран од Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград, како дел од одбележувањето на значајните историски настани за македонскиот народ.

На церемонијата, со полагање на венци и оддавање почит, се одбележа жртвата на 1.295 македонски војници, кои ги загубија своите животи во борба против австроунгарската и германска војска за време на Првата светска војна. Поголемиот дел од овие храбри борци, мобилизирани од североисточна Македонија, го положија животот на фронтот, борејќи се во состав на српската војска. Овој настан е важен потсетник за големите жртви на Македонците, не само во борбата за сопствено ослободување, туку и во заедничката борба на братските југословенски народи против големите империи од 19. и 20. век, кои не смеат да бидат заборавени“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…