Левица: Чекаме министерот Тошковски да излезе од кафана за да согледа дека Скопје гори!
Граѓаните на Аеродом и Скопје од денес започнаа протести за да го искажат својот револт од загадувањето што го предизвикува проблемот со дивата депонија во Вардариште. Активистите на Левица беа рамо до рамо со своите сограѓани во борбата против овој огромен проблем кој го уништува здравјето на жителите на Скопје, стои во објавата на Левица – Зелен сектор
Редовните пожари на дивите депонии се сведоци за неспособноста на власта, но не ретко тие и намерно се подметнуваат за наместо решенија да се печалат политички поени. Иако советниците на Левица постојано алармираат за овој проблем во советот на Град Скопје, нивните предлози систематски се одбиваат од мнозинството на ДПМНЕ.
МВР веднаш се појави на терен кога граѓаните излегоа да го искажат својот. Но, кога треба да ги открие и изведе пред законот оние кои ги палат депониите тогаш владее молк. Чекаме министерот Панче Тошковски да излезе од кафана за да согледа дека Скопје гори!
Левица ќе продолжи со борбата, и во институциите и на улица, сè додека овој животозагрозувачки проблем не се реши еднаш засекогаш. Гласот на граѓаните нема да дозволиме да се игнорира!, додаваат од Левица
(Видео) Блокади на булевари во Аеродром! Граѓаните бараат чист воздух, најавија нов собир за утре
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Чекаме министерот Тошковски да излезе од…
Граѓаните на Аеродом и Скопје од денес…
Ќе има ли истрага за Лајонес? –…
За бескрупулозноста на наведената група на Маркетери…
Вучиќ: Го замолив Путин да ни понуди…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес…
Шукова со три итни мерки за Вардариште:…
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова,…
Ким Џонг Ун пристигна во Кина заедно…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во…