Вучиќ: Го замолив Путин да ни понуди добра цена за поголема количина гас

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес во Пекинг имал отворен и важен разговор со рускиот претседател Владимир Путин и дека го замолил да ѝ обезбеди на Србија добра цена на гасот, поголеми количини и флексибилност.

„Имавме многу отворени, искрени и важни разговори со претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин и верувам дека ги отворивме сите теми од заеднички интерес. Темата за енергијата е од исклучително значење за нас во неколку насоки. Прво, ни требаат зголемени испораки на гас – ни треба суштински гас. Помали количини, кои се важни за нас, купуваме од Азербејџан, но најголемиот дел од гасот доаѓа од Руската Федерација“, изјави Вучиќ за новинарите по средбата со Путин.

Вучиќ потсети дека Србија работи заедно со Русија за проширување на капацитети за складирање во Банатски Двор.

„И ова се работи што одат добро. Исто така, ќе складираме дел од гасот во Унгарија за оваа зима, така што во деновите што се најтешки за нашата земја, кога се најстудени и кога се нуди најмалку електрична енергија, можеме да произведеме и повеќе електрична енергија со дополнителен гас за термоелектрани, топлани, т.е. гасни електрани, бидејќи покрај тоа што користиме гас само за индустријата и покрај тоа што користиме гас во домаќинствата, користиме гас и за гасни електрани, т.е. термоелектрани, топлани, со цел дополнително да ја зголемиме количината на произведена електрична енергија“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека за сето ова на Србија и е потребна и флексибилност во набавката на гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме…

На денешното рочиште, од седум најавени сведоци…

Тошковски на средба со новата британска амбасадорка:…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Цигарите треба да станат „изгор“ скапи, загрижува…

Цигарите треба да станат скапи и недостапни…

Мицкоски оствари средба со британската амбасадорка Маја…

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со амбасадорката…

Гаши: Македонија е подготвена да ги внесе…

Македонија е подготвена да го внесе бугарското…