Левица: Широката коалиција во Битола ДПМНЕ-СДС сложно ја изгласаа завршната сметка

t

Широката коалиција во Битола ДПМНЕ-СДС сложно ја изгласаа завршната сметка, велат од политичката партија Левица.

-После низата клевети, конечно маските паднаа. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС му даде легитимитет на расипничкото владеење од страна на градоначалникот Тони Коњановски.

Единствени кои гласаа против завршната сметка беа советниците на Левица – Горан Велевски и Гаврил Трајковски. Со ова, повторно се докажа дека овие две партии секогаш се обединети кога треба да се амнестираат од одговорност. Македонскиот народ не заборава дека со експресната амнестија со измените на Кривичниот законик, СДС амнестира од кривично гонење преку 80 функционери на ДПМНЕ.

Иако СДС постојано го обвинува градоначалникот Коњановски дека ги трупа јавните претпријатија со долгови, денес ја гласаа неговата завршна сметка. Од друга страна, додека ДПМНЕ ја обвинува Левица дека е во наводна коалиција со СДС, токму тие здружено си ги гласаат своите криминали!

Левица останува единствена опозиција на овие истрошени и криминогени политички субјекти, чие делување во изминативе 30 години комплетно ја руинира Републиката. – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…