Левица ќе го утврди референдумското прашање во среда

t

Договорот за добрососедство нема директно да биде ставен на изјаснување во новата рефрендумска иницијатива на Левица откако собранискиот спикер Талат Џафери го одби предлогот за граѓанско изјаснување за оваа спогодба на опозциската ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, рефренедумското прашање ќе се однесува на бугарските барања открива за Сител лидерот на партијата Апасиев. Тој тврди дека прашањето, кое партијата конечно треба да го утврди во среда, нема да биде против членството на државата во Европската унија.Правниот основ за прашањето ќе се бара во заклучоците што парламентот ги усвои за преговарачката рамка со Брисел.

Од Левица најавуваат дека иницијативата во ДИК за првите инцијални 100 потписи ќе се најде веќе во петок, а во парламентот се надеваат дека ќе влезе веќе во понеделник.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе даде поддршка на секоја референдумска инцијатива што се однесува на бугарските барања за кои велат дека значат асимилација на македонскиот народ.Од власта пак, коментираат дека ова значи потврда на „антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите“.

Шефот на дипломатијата Османи, минатата недела ја обвини Левица за дел од руската пропаганда.Обидот на Левица ќе биде втор опозициски обид за референдум по однос на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство.

Џафери минатата недела го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните да се изјаснат за поништување на законот за ратификација на спогодбата со Бугарија. Обрзложението беше дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…