Легнете си на брашното: Ахмети тврди дека бројките од пописот се реални и конечни
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во ексклузивното интервју за indeks.mk зборува за пописот и резултатите од овој процес.
Во него Ахмети вели дека ова е еден статистички процес на кој беа ангажирани цели тимови. Направен е попис на резидентно и нерезидентното население, извршена е регистрација на домаќинствата и националните добра во државата.
Овој момент не треба да служи за политизирање на народот потенцира Ахмети и апелира истиот да не се злоупотребува од политичките субјекти за нивните секојдневни политики бидејќи тоа го тероризира населението.
На овој статистички процес беа вклучени и меѓународни експерти од ЕУРОСТАТ кои дадоа добри проценки за организираниот попис. Во повеќе земји се има случено да не е регистирано целото население. Може некаде 5 проценти, 10 проценти, 7 проценти, во сите земји каде што се спроведува еден ваков статистички процес, целото население да не учествува или биде регистрирано, додава тој.
Ахмети апелира процесот да не се политизира од страна на двете политички заедници, Македонската заедница и нивните политички претставници како и Албанската заедница и нивните политички претставници.
Со процент од 30, 40 или 50 има намалувања, има зголемувања, ова е реалната слика која е направена преку вработените во државната администрација, контролирани, раководени и обучени од меѓународни експерти од областа на статистиката и од страна на нај доверливата институција ЕУРОСТАТ, вели тој во интервјуто.
На прашањето дали со резултатите е изманипулирано албанското население Ахмети вели дека нема потреба оваа ситуација да се политизира и дека воопшто нема сомнеж за злоупотреби и погрешни бројки.
Додава дека сите работеле одговорно и поради тоа треба да се избегнат. Политизирања и судири околу бројките не водат никаде, дециден е тој.
На прашањето за обвинувањата од албанската опозиција дека пописот е измама тој ги отфрла овие вести затоа што тие влијаат на политизација на целата ситуација и влијаат на политизацијата на заедниците, а токму нив не треба да ги политизираме, туку народот треба да веруваа во овие статистички процеси, вели тој.
Пописот е реален и дава реална слика на Обединетите Нации и институциите на ЕУ затоа што нивното барање отсекогаш било да се знае објективната реалност во Република Македонија, токму бројот на резидентни жители и бројот на не резидентното население, како и вкупното богатство на населението во земјата, заклучува тој во интервјуто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Нова влада Црна Гора, прва одлука на…
Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…