Леопард касна девојче во зоолошка, сакала да се слика со животните!

t

Леопард каснал девојче во зоолошката градина во Варна, во Бугарија, известуваат бугарските медиуми. Инцидентот се случил во неделата вечерта.

За време на рутинска патрола, чуварот забележал млада девојка како намерно се наведнува преку оградата и претура низ решетката на живеалиштето на леопардот. Жртвата сакала да се фотографира како ги допира предаторите внатре.

И покрај јасните предупредувања и непосредната реакција на чуварот, по пристигнувањето на местото на настанот било констатирано дека девојчето било каснато за прстот. Чуварот укажал соодветна прва помош и по консултација со ветеринарот девојчето било испратено на Итна медицинска помош.

Допирањето, хранењето и вознемирувањето на жителите зоолошката градина е апсолутно забрането и се споменува на информативните табли низ зоолошката градина. Сите предатори се сместени во специјално дизајнирани живеалишта, според потребите на конкретниот вид, согласно сите безбедносни мерки и прекршувањето на овие мерки е забрането, потсетуваат од зоолошката градина во Варна. Од таму бараат при посета да се почитуваат правилата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КОНТАКТ ОД БОЛНИЦАТА ВО ВАРНА! Семејствата на…

Семејствата на повредените кои се пренесени во…

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно…

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно…

Витина за птичјиот грип во Зоолошка: Евтаназија…

Во јавноста беа изнесени ставови, но не…

Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била…

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…