Леопард касна девојче во зоолошка, сакала да се слика со животните!

t

Леопард каснал девојче во зоолошката градина во Варна, во Бугарија, известуваат бугарските медиуми. Инцидентот се случил во неделата вечерта.

За време на рутинска патрола, чуварот забележал млада девојка како намерно се наведнува преку оградата и претура низ решетката на живеалиштето на леопардот. Жртвата сакала да се фотографира како ги допира предаторите внатре.

И покрај јасните предупредувања и непосредната реакција на чуварот, по пристигнувањето на местото на настанот било констатирано дека девојчето било каснато за прстот. Чуварот укажал соодветна прва помош и по консултација со ветеринарот девојчето било испратено на Итна медицинска помош.

Допирањето, хранењето и вознемирувањето на жителите зоолошката градина е апсолутно забрането и се споменува на информативните табли низ зоолошката градина. Сите предатори се сместени во специјално дизајнирани живеалишта, според потребите на конкретниот вид, согласно сите безбедносни мерки и прекршувањето на овие мерки е забрането, потсетуваат од зоолошката градина во Варна. Од таму бараат при посета да се почитуваат правилата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остра реакција на руската амбасада за вандализираниот…

„Ноќта на 10 јануари годинава, во центарот…

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…

Русија тврди дека уништиле тенк Леопард со…

Руски извидници во Запорожје тврдат дека уништиле…

Леопард касна девојче во зоолошка, сакала да…

Леопард каснал девојче во зоолошката градина во…

Реприза од Македонија: Се запали воз во…

Се запали последниот вагон на возот од…