„Летал“ со 137 километри на час на пат каде дозволено 50

t

МВР информира дека вчера претпладне во 09:46 часот, на магистралниот пат А3, на крстосница Овче Поле, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ѓ.Т.(56) од с. Василево, струмичко.

При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Т. управувал патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки со брзина од 137 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Ѓ.Т. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Летал“ со 137 километри на час на…

МВР информира дека вчера претпладне во 09:46…

МВР на Србија ќе аплицира за отворање…

Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро…

Божиќен бонус од 400 лева за сите…

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Даниел…

МВР со детално објаснување за апсењето на…

МВР обајви детално соопштение во врска со…