МВР на Србија ќе аплицира за отворање на Регионално биро на Интерпол за ЈИЕ со седиште во Белград

t

Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро на Интерпол за Југоисточна Европа со седиште во Белград, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
„Заинтересирани сме Регионалното биро за Југоисточна Европа да биде во Белград и официјално ќе аплицираме“, рече Дачиќ, кој ја предводеше српската делегација на 93-та седница на Генералното собрание на Интерпол во Маракеш.

Тој додаде дека разговарал за тоа со претседателот на Интерпол во заминување, Ахмед Ал-Раиси, и генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиз.Според министерот, под водство на претседателот на Интерпол во заминување, Ахмед Ал-Раиси, Интерпол успеал да ги врати своите оригинални принципи, да биде организација на сите свои членки.

Дачиќ изјави дека очекува Уркиз да го посети Белград во следните неколку месеци и дека тоа ќе биде можност за понатамошни разговори за Регионалното биро во Белград.

Министерот рече дека му го доделил на Ал-Раиси највисокото признание што може да го додели МВР на Србија, а тоа е ѕвездата „Јаков Ненадовиќ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…