Ле Мер: Тешко до договор во ЕУ за данокот на добивка
Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер изјави дека на денешниот состанок во Луксембург ќе се обиде да ги убеди скептичните земји во Европската унија да се согласат на договор за данок на добивка, но призна дека постигнувањето договор е „многу тешко“.
Европските власти велат дека се очекуваше денеска да биде постигнат договор со ЕУ, откако Полска го повлече своето противење за минималниот корпоративен данок од 15 отсто за големите мултинационални компании, но Унгарија се појави како пречка во последен момент.
Преговорите со ЕУ имаат за цел да ја преточат во закон глобалната реформа на корпоративното оданочување, која беше договорена од речиси 140 земји минатиот октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…