„Ле Паризиен“: ПСЖ со последна порака за Мбапе – веднаш нов договор или оди си!
Францускиот гигант Пари Сен Жермен му дал последен ултиматум на својата најголема ѕвезда Килијан Мбапе веднаш да реши што понатаму, дали ќе продолжи и понатаму да биде дел од тимот или – да си оди експресно!
Откако Мбапе потврди дека го известил раководството на ПСЖ за одлуката да не ја активира опцијата за останување до 2025 година и идното лето да си оди како слободен фудбалер, веднаш се активира „алармот“ и почна сагата со извонрдното офанзивно крило кој е најдобар стрелец во историјата на „светците“.
„Ле Паризиен“, угледниот француски весник денеска објави дека ПСЖ му дал последен ултиматум на Мбапе, или да ја продолжи соработката со новиот договор или веднаш да си оди, што значи дека веќе извесна е неговата продажба.
Во изминативе 48 часа се активираше повторно и францускиот претседател Емануел Макрон за да го убеди Мбапе за останување, како што одигра важна улога за останувањето ланското лето, кога преку ноќ Французинот се премисли и одби да замине во Реал Мадрид на веќе договорен трансфер.
На „Паркот на принцовите“ се надеваат дека Мбапе во најбрзо време ќе им ја соопшти одлуката, а вчера веќе беше објавено дека бараат 250 милиони евра за трансфер плус 50 милиони евра во бонуси, додека Реал Мадрид е подготвен да плати 200 милиони евра и 20 милиони во бонуси.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…