Објавено на:

Ле Пен по стапките на Де Гол: Ќе ја напуштиме интегрираната команда на НАТО

t

Француската претседателска кандидатка на крајната десница Марин Ле Пен во средата на прес-конференција потврди дека ќе излезе Франција од НАТО алијансата доколку победи на претседателските избори.

„[Ако бидам избрана за претседател] ќе ја напуштам интегрираната команда, но нема да се откажам од членот 5 за заемна заштита меѓу членките на Атлантската алијанса“, изјави Ле Пен додавајќи дека одбива да се потчини на „американски протекторат“. Ле Пен подвлече дека не сака француските трупи да бидат „ниту под интегрирана команда на НАТО, ниту под идна европска команда“.

Вториот круг од изборите во Франција треба да се одржи на 24 април, а резултатите од анкетата покажуваат дека актуелниот француски претседател Емануел Макрон е во предност и постои голема можност да го добие својот втор мандат со 52,5 отсто од гласовите.

Ле Пен додаде дека ќе му понуди на НАТО „да изврши стратешко зближување со Русија“ кога ќе заврши конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка нападната од мајка си, друга од…

Во текот на вчерашниот ден во полицијата…

ЦУК: Изминатото деноноќие 21 пожар на отворено,…

Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено,…

Бајден му даде ултиматум на Нетанјаху

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека САД…

Руско МО: Пресретнати и соборени 53 украински…

Руските сили собориле или пресретнале 53 украински…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Никон

Роден е во Неапол од татко незнабожец…