Објавено на:

Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед со 7:0

t

Ливерпул вечерва го декласира Манчестер јунајтед со 7:0 во  натпреварот од 26. коло на англиската фудбалска Премиер лигата. Средбата се одигра на „Енфилд“, а по два гола постигнаа Мохамед Салах, Дарвин Нуњез и Коди Гакпо, еднаш погоди Роберто Фирмино.

Салах стана најдобар стрелец на Ливерпул во англиската Премиер лига. Сега Египќанецот има 129 гола, еден повеќе од Роби Фаулер.

Ливерпул се искачи на петтото место на табелата во Премиер лигата со 42 бода, додека Манчестер јунајтед е трет со 49 бодови.

Поразот 0:7 од Ливерпул е најголемиот пораз на Манчестер јунајтед во последните 92 години и најлошиот резултат на клубот во историјата на Премиер лигата

Воедно, 0:7 е повторување на најлошиот резултат на Манчестер јунајтед во целата историја на клубот. Клубот три пати загубил со 7:0. Од Блекбурн во 1926 година, Астон Вила во 1930 година и Вулверхемптон во 1931 година. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски фудбалер постигна гол од половина терен

Натпреварот помеѓу Нафта и Домжале заврши со…

Шпанскиот репрезентативец Jамал ​ стана најмладиот стрелец…

Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…

Англија прва, Данска и Словенија без победа…

Англија со една победа, Данска и Словенија…

(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…

Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…

Новина во фудбалот, ќе се воведе портокалов…

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) начелно…