Лидерите на ЕУ и земјите од регионот со сочувство и поддршка за Македонија!

По повод трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а над 100 се повредени, сочувство изразија лидерите на земјите од регионот и на Европската Унија, кои заедно со пораките за поддршка, солидарност и емпатија, понудија и помош за Македонија.
Шефот на европската дипломатија, Каја Калас, истакна дека ЕУ ја споделува тагата и болката на граѓаните на Македонија.
„Длабоко сум ужалена од трагичниот пожар што однесе премногу млади животи во Кочани. Моето сочувство до сите погодени од оваа трагедија. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, изјави Калас.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта упати сочувство и упати порака за солидарност.
„Срцето ми е скршено од загубата на толку млади луѓе во страотниот пожар во Кочани. Моите мисли се до сите семејства на жртвите од оваа трагедија. ЕУ се солидаризира со народот на Македонија во овој момент на тага“, напиша Кошта.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека е длабоко тажна поради трагичниот пожар во Кочани, кој однесе животи на премногу млади луѓе.
„Моите мисли се со жртвите, нивните најблиски и цела Македонија за време на оваа страшна трагедија“, рече Кос.
Сочувство пристигна и од регионот, па грчкиот премиер Киријакос Мицотакис понуди помош.
„Искрено сочувство до граѓаните на Македонија за загинатите во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во овој тежок момент“, напиша Мицотакис на социјалната мрежа „Икс“.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, рече дека неговата земја ја дели болката со Македонија.
„Во разговорот со претседателката Силјановска Давкова изразив сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски. Во контакт сум со премиерката Жељазкова, Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош“, рече Радев.
Пораки за солидарност упатија претседателот и премиер на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама.
„Длабоко сум шокиран од трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочан, кој резултираше со загуба на млади животи и многу повредени. Искрено сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите жители на Македонија. Албанскиот народ и јас се молиме за побрзо закрепнување на повредените, надевајќи се дека нема дополнителна болка да ги снајде жителите на Коча“, рече Бегај.
Најдлабоко сочувство упати и претседателот на Република Српска Милорад Додик.
„Болката што ја чувствуваат вашите луѓе и семејствата на жртвите длабоко не погодува. Нашите мисли се со Македонија, со семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и со сите повредени по оваа несреќа.
Република Српска ја споделува тагата со братскиот народ на Македонија. Ве молиме, пренесете го вашето сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените во оваа трагедија им посакувам брзо закрепнување“, напиша Додик.
Поддршка испрати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Длабоко сме шокирани и искрено жалиме за страшната трагедија во Кочани во која загинаа голем број животи. Во разговорот со премиерот Мицкоски изразив сочувство, особено до семејствата и пријателите на загинатите. На сите повредени им посакуваме брзо закрепнување. „Хрватска стои покрај Македонија и нејзиниот народ“, рече Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…
По повод трагичниот пожар во дискотеката во…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…
Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…
Фон дер Лајен: ЕУ треба да се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ очекува Србија да ја усогласи надворешната…
„Србија е земја кандидат и преговара за…