Лидерот на Хамас му пишал на шефот на дипломатија на БиХ и побарал помош!
Лидерот на радикалната исламистичка организација Хамас, одговорен за нападот врз Израел на 7 октомври, побарал поддршка од властите на БиХ во специјално писмо што го испратил на адреса на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, објавија денеска локалните медиуми.
Порталот istraga.ba објави копија од писмото потпишано и испратено на адреса на Конаковиќ на 11 октомври од Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Хамас. Копијата изгледа автентично, а писмото е на хартија која ги содржи официјалните обележја на таа организација, пренесува Н1.
Министерството за надворешни работи на БиХ не го коментираше ова писмо, но партијата Народ и Правда (НиП), предводена од Конаковиќ, во четвртокот зборуваше за конфликтите на Блискиот Исток со соопштение во кое го осудува секое насилство, особено насилството врз цивилите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел до Хамас: Прифатете го предлогот на…
Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас…
Ројтерс: Хамас се согласи на прекин на…
Хамас се согласи со предлогот на американскиот…
Нетанјаху: Израел веројатно го уби лидерот на…
Израел веројатно го убил лидерот на Хамас,…
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…
Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски…
Хамас денес објави дека ќе го ослободи…