Лиле Стефанова се откажа од прогон на Миле Јанакиески за едно кривично дело

t

На денешното рочиште за случајот “Титаник” обвинителката Лиле Стефанова се откажа од кривичниот прогон против екс министерот Миле Јанакиески за преостанатото, едно, кривично дело, за кое не призна вина.

Станува збор за делото „Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“, за што е пропишана казна од најмалку пет години.

Неодамна пак Јанакиески призна вина за три од четирите дела за кои се гонеше во “Титаник”,  за што беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Поточно, за „Злосторничко здружување“ е предвидена затворска казна од една до пет години, а тој доби казна од 8 месеци. За „Уништување на избирачки материјал“ е предвидена казна од најмалку пет години, а доби три години, а за „Повреда на слободата на определување на избирачите“, предвидена е казна од најмалку три години, а тој доби една година. Или единечна казна од четири и пол години.

Како што неофицијално дознава “Фокус”, можно е Јанакиески да се појави како сведок во овој случај, на кој останува да им се суди на обвинетите кои не признаа вина.

Случајот „Титаник“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори 2013 година.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина затворската казна на Годана…

Скопска Апелација ја објави одлуката за случајот…

Лиле Стефанова се откажа од прогон на…

На денешното рочиште за случајот “Титаник” обвинителката…

Солзи радосници на лицето на тетка Биљана…

Во заедничка хуманитарна акција, денес Панчо ДНК…